Свет
12. October 2016 - 11:32

На грчките острови пристигнале 162 нови бегалци и мигранти

Грчките власти соопштија дека на островите во Егејското Море во последните 24 часа пристигнале 162 нови мигранти и бегалци.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на Самос и на Хиос биле регистрирани по 38 мигранти, а на Лезбос 22, со што вкупниот број на мигранти и бегалци на грчките острови достигна 11.215 луѓе.

Локалните власти соопштија дека бројот на лица кои пристигнале на Самос во текот на изминатите 10 дена е зголемен за околу 40 отсто.