Балкан
27. August 2020 - 10:01

На грчкиот остров Крф принудно слетал авион поради проблеми со еден од патниците

Поради патник кој предизвикал проблеми, патнички авион од Турција за Велика Британија, синоќа принудно слетал на аеродромот на грчкиот остров Крф, објавија локалните медиуми.

Според истите информации, во авионот имало над 200 патници, а за време на летот, конкретниот патник удирал по вратите и прозорците, викал и создал проблеми, по што пилотот решил принудно да слета на Крф.

Патникот бил симнат од авионот и уапсен, а летот продолжил кон крајната дестинација.