Македонија
1. May 2019 - 18:26

На граничните премини нема задржувања, кај Јанче сообраќајот по една лента

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ известува и дека поради изведување градежни работи на регионалниот патен правец Маврово – Дебар кај село Јанче сообраќајот ќе се одвива по една лента и ќе биде регулиран од вработените. Поставена ќе биде и соодветна сигнализација за работа на пат.

Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај зашто се вршат проверки од безбедносен карактер. Поради тоа, апелира АМСМ,  возачите да не го користат.