Македонија
1. July 2018 - 18:21

На граничните премини Богородица и Дојран се чека по триесетина минути

На граничните премини Богородица и Дојран има зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од Република Македонија на Богородица е од 30 до 45 минути, додека на Дојран од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

АМСМ соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот се одвива по суви коловози.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

АМСМ соопшти дека во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.