Македонија
1. August 2021 - 12:39

На граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека околу еден час

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.