Македонија
27. July 2019 - 12:51

На граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека до еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а зголемна е и фрекфенцијата на граничните премини Богородица и Табановце, информираат од АМСМ. На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека од 15 – 30 минути. На граничниот премин Табановце, за излез од државата се чека околу 45 – 60 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ најавуваат прекин на сообраќајот од понеделник 27 јули до среда 31 јули на регионалниот пат Р2133, делница Куманово – Опае, во времетраење од 09:00 до 18:00 часот поради изведување асфалтерски работи.