Свет
30. October 2019 - 8:45

На границата меѓу САД и Мексико дневно се апсат околу 1.400 лица

Апсењата на американската граница со Мексико или во нејзината близина во септември се намалиле на најниско можно ниво, но во последната една година нараснале за 88 отсто, што значи дека илегалната миграција и натаму претставува криза, ијзавија денеска американски официјални претставници.

Бројот на апсења и лица спречени да ја минат границата во септември се намалил на 52.546, што е речиси двојно помалку отколку во пикот забележен во мај, кога беа регистрирани 144.116 апсења, но се уште е за четири отсто повисок отколку во септември 2018 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп построгиот пристап кон имиграцијата го стави во центарот на работата во својот прв мандат и во кампањата за изборите во 2020 година.

Речиси половината од сите притворени во септември биле деца или семејства, повеќето жртви на трговија со луѓе, рече Роберт Перез, заменик повереник на американската царина и заштита на границата.

-Тие профитираат врз грбот на ранливата популација и заради тоа оваа појава се уште претставува криза, рече Перез на прес конференција пред граничната полицијаа на САД, на граничниот премин во Ел Пасо.

Првиот човек на американската гранична полиција и царина Марк Морген изјави дека имало „драматични чекори“ благодарение на промената на политката од Трамп и соработката со Мексико, но додаде и дека се уште премногу луѓе ја минуваат границата илегално.

 -Се случува дневно да има и околу 1.400 апсења. Тоа се уште е на ниво на криза, рече Мореген.

„Од вкупно 1,15 милиона апсења во една фискална година ширум земјата, најмногу од нив, точно 977.509, се регситрирани на јужната граница“, додаде тој.