НА ГРАНИЦА

Loading Video...

Во хрватска комедија “На граница” се запознавме со Петра, млада девојка која доаѓа во едно село кај својата баба и сака да го преземе бизнисот со шверц. Но ќе успее ли во тоа Петра или треба уште многу фурни леб да изеде? Ја привлекуваат и Крешо, кој е дел од шверцерската банда, но и Марко полицаецот, кој ќе биде ставен на тест – да ја разоткрие Петра и шверцот со тутун или да молчи затоа што е вљубен во неа.

Бабата на Петра е Зорка, која сака да ја научи внуката на големите тајни од валканиот бизнис.

Андрија е маж на Мира и зет на Зорка, има три ќерки и само прави глупости со кои го загрозува бизнисот кој сега е ставен на пауза. Лидија е средната ќерка на Андрија и е вљубена во Јуре (синот на босанскиот партнер во бизнисот Недељко), а Ивана е најмалата ќерка на Андрија и е вљубена во свештеникот.

Томо е полицаецот кој е сигурен дека Зорка шверцува и сака да ја открие, но секогаш излегува дека не е во право. Ќе успеат ли селаните во идните планови со шверцот или нешто сосема неочекувано ќе го разоткрие црниот бизнис?

Улоги: Nadia Cvitanovic (Петра), Filip Juricic (Марко), Zarko Radic (Мијо), Milan Strljic (Андрија), Nina Erak (Зорка), Dino Rogic (Јуре).

Ново на Сител