Македонија
12. November 2019 - 14:49

На градската депонија на Велес целосно поправен фотоволтаичниот систем за производство на електрична енергија

На градската депонија на излезот од Велес кон Штипско џаде, целосно е поправен е фотоволтаичниот систем за производство на електрична енергија.

Како што појаснуваат од ЈКП „Дервен“ кое стопанува со Градската депонија, со тоа повторно е воспоставено осветлување на депонијата во ноќните часови.

Со поправката воедно е овозможено и нормално функционирање на хидрауличната преса за отпадна хартија, картони и полиетиленски материјал.

Фотонапонската сончева централа почна да функционира пред точно четити години, а на неа се инсталирани 24 панели со кои се произведува електрична енергија.

Овој систем е многу важен бидејќи заштедува енергија, а воедно и неговото функционирање во ноќите часови имајќи предвид дека веќе пет години сметот од домаќинствата  во Велес се собира во текот на ноќта и се носи на Градската депонија.