Македонија
27. јуни 2022 - 12:24

На ГП Табановце уапсен тетовец осомничен за семејно насилство

Вчера на граничниот премин Табановце полицијата уапсила тетовец кој се сомничи за семејно насилство.

„На 26.06.2022 околу 21.00 часот на Граничниот премин Табановце од слобода бил лишен 43-годишниот М.С. од тетовско Селце, по кого била распишана потерница, поради сомнение дека извршил кривично дело семејно насилство.

Тој е донесен и задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок“, соопшти МВР.