Македонија
26. August 2018 - 12:49

На ГП „Табановце“ се чека до полоцина час

 На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради градежни работи сообраќајот на патниот правец  Росоман-Кавадарци Р1-107 ќе биде прекин до 13:30 часот денеска, а свлечиште над патот А3 Битола - Ресен, на крстосницата за село Крклино до бензинска пумпа Лукоил кај месотото викано Билбил Камен, и натаму е причина за затворање на сообраќајот во двата правца