На ГП Евзони транспортерите сеуште влегуваат лимитирано
Новите мерки што се воведени од грчките надлежни органи за превенција од Ковид-19, а се однесуваат на транспортерите од двете страни, ќе важат и викендов. Поточно, најмалку до понеделник, кога се очекува одговор од грчката страна на вчерашните барања од нивните камионџии за симнување на мерките и нормализирање на транспортниот сообраќај ,ни потврди утрово Лефтер Андонов, генерален секретар на АМЕРИТ.
Вчера писмено реагирале и нашите надлежни органи по што, велат од АМЕРИТ, дека ќе почекаат до понеделник да стигне одговорот од грчките надлежни органи, па потоа ќе донесат решение за понатамошни чекори доколку биде неопходно.
До тогаш, транспортниот сообраќаен режим за излез и влез во земјава на граничните премини Богородица и Евзони продолжува да се одвива со примена на заштитните мерки од Ковид-19 на грчката страна. Во Грција ќе влегуваат само возачите на камиони со негативен резултат од брзите бесплатни ПЦР тестови, а ГП Евзони и понатаму е отворен за влез и излез од Грција од 7 до 19 часот.
Моментно, поради актуелната ситуација, низ премините Богородица и Евзони минуваат помалку и претежно празни камиони, чиј број е многу намален, а натоварените со роба, вели Андонов, се принудени да минуваат повеќе километри преку Бугарија и да влегуваат во Грција преку ГП Промахонас, каде нема никакви ограничувања за возачите.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна