Македонија
24. July 2021 - 18:46

На ГП „Богородица“ и „Табановце“ се чека од 30 до 45 минути

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ задржувањето за влез и излез од државата е од 30 до 45 минути, со можност за зголемување во наредните часови. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што соопшти АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.