Македонија
24. јуни 2017 - 19:15

На ГП Богородица и Дојран се чека повеќе од еден час

На граничните премини Богородица и Дојран и попладнево има задржувања подолги од еден час, информираат од АМСМ.

На останатите гранични премини нема задржувања подолги од 30-тина минути.

На граничниот премин „Богородица“ од изутрината за влез во Грција се чекаше и по неколку часа, а беа формирани и колони возила, главно со македонски и српски регистарски ознаки.

Колоните на македонска страна почнуваат пред казиното „Принцес“, а со возила во шест колони е исполнет и меѓуграничниот ростор. 

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемена сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози.