Тенис
14. January 2022 - 9:09

На Ѓоковиќ повторно му се заканува имиграциски притвор

– Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок ја искористи својата лична моќ за да му ја поништи визата на Новак Ѓоковиќ, јави „Ејџ“.

Адвокатите на српскиот тенисер се подготвуваат веднаш да поднесат судска забрана против одлуката.

Доколку не ја оспори одлуката пред судот или не успее во тоа, Ѓоковиќ веднаш ќе биде депортиран од земјата.

„Го искористив своето овластување согласно Законот за имиграција за да ја поништам визата што ја имаше Новак Ѓоковиќ. Поради здравствени причини и добар ред, се во јавен интерес. Оваа одлука уследи по налогот на Федералниот и Окружниот суд согласно кој од 10 јануари е поништена претходната одлука за укинување на визата. При оваа одлука, внимателно ги разгледав сите информации од Министерството за внатрешни работи, австралиските гранични сили. Владата на Морисон е цврсто посветена на заштитата на границите на Австралија, особено за време на пандемија“, објасни Хок во соопштение.

Се проценува дека се ќе треба да се заврши во следните 72 часа, бидејќи Австралија опен почнува во понеделник.

„Ејџ“ додава дека одлуката на Хок значи дека Ѓоковиќ би можел повторно за неколку часа да биде одведен во имиграциски притвор.

Не е јасно дали федералните власти планираат да го вратат во хотелот Парк во Карлтон, каде што престојуваше заедно со бегалци кои се во притвор, додека Федералниот окружен суд не нареди негово ослободување во понеделникот.

Извори за весникот потврдија дека планот е да се врати во некоја форма на имиграциски притвор.