Македонија
25. јуни 2016 - 9:59

На фестивалот „Битола отворен град“ концерт на „Електрични оргазам” и „Бернајс Пропаганда“

Фестивалот „Битола отворен град“ што традиционално го организира Младински културен центар-Битола завршува со концерт под отворено небо на Широк Сокак на кој ќе настапат српската група „Електиричен оргазам“ и македонската група „Бернајс Пропаганда“.

Од МКЦ-Битола информираат дека легендарната рок атракција „Електрични оргазам” премиерно ќе настапат во Битола и пред публиката ќе се претстават со колекција на најголемите хитови кои одамна важат за есенција на регионалната музичка сцена, додека пак „Бернајс Пропаганда” ќе го претстават нивниот нов албум „Политика“ објавен во соработка со независната словенечка етикета „Мунли рекордс“.

- Импозантни се впечатоците и од нивната последна европска турнеја во чии рамки за 30 денови „Бернајс Пропаганда” одржа 27 концерти во Србија, Словенија, Италија, Швајцарија, Франција, Шпанија, Холандија, Германија, Чешка, Словачка и Австрија, информираа од МКЦ-Битола во пресрет на вечерашниот концерт на Широк Сокак.