-->
-->
На Ериксен поткожно ќе му биде вграден срцев дефибрилатор
-->
Данскиот фудбалски репрезентативец Кристијан Ериксен, кој поради срцев удар изминатиот викенд колабираше на теренот за време на натпреварот против Финска во рамки на ЕУРО 2020, се согласил со лекарското мислење да му биде вграден под кожата кардиовертер дефибрилатор што ќе помага во работата на неговото срце.
– По различни испитувања на кои Кристијан беше подложен, одлучено е дека тој би требало да носи вграден дефибрилатор, соопшти денеска Данската фудбалска федерација.
„Овој уред е потребен по доживеан срцев удар, предизвикан од пертурбации на срцевиот ритам“, изјави лекарот на данската фудбалска репрезентација Мортен Боесен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид