Живот
18. October 2017 - 12:56

На ергенска вечер случајно завршила со младоженецот, а потоа настанал целосен хаос

Една корисничка на Редит се пожалила дека доживеала осуда од страна на своите пријателки затоа што на летувањето се бакнувала со момче кое го запознала како дел од ергенска вечер и за кое подоцна се испоставило дека младоженецот.

Била со две пријателки искочена кога им пристапила група мажи кои исто така биле на летување.

- Еден од нив прилично ми се допадна, но и јас на него. Флертувавме, ми купи неколку пијачки, малку танцувавме, а потоа се одвоивме од групата и прошетавме на плажата. Малку се бакнувавме и малку се мазевме, што сметам дека е невина забава, а потоа се вративме во барот, рскажува таа.

По патот до хотелот им раскажала на своите пријателки што се случило и останала прилично изненадена од нивната реакција.

- Веднаш ме нападнаа поради тоа. Ништо не ми беше јасно, инаку нормално ги споделуваме таквите работи. Се испостави дека таа група на момчиња биле на ергенска забава, а јас, не знајќи, сум се бакнуала со младоженецот, објаснува таа.

Колку и да се правдала дека не била свесна за ситуацијата, дека тој требало да и каже, тие ја убедувале на тоа дека вината е нејзина затоа што требала да праша дали е слободен пред да се бакнува со него.

- Не го обвинуваа фраерот кој очигледно ја изневерува верениоцата, дури и испаднав виновна за уништување на идниот брак, се пожалила таа.