Македонија
4. February 2016 - 13:54

На електронска аукција продадени четири парцели во месноста Сува Река во Гевгелија

Општина Гевгелија денеска по пат на електронско јавно наддавање ги продаде понудените четири парцели за градење објекти од лесна и незагадувачка индустрија во месноста Сува Река.

Продадените парцели беа со површина од 440 до 2.681 метар квадратен и имаа почетна цена од 61 денар за квадрат, соопштија од Одделението за урбанизам од каде нагласија дека заинтересираноста на купувачите била на завидно ниво и оти лицитацијата завршила брзо и без проблем.

Најниската цена по која биле продадени градежните парцели за лесна и незагадувачка индустрија кај Сува Река изнесува 101 денар за квадрат, а највисоката продажна цена достигнала до 2.670 денари за квадрат за парцелата од 862 метри квадратни која има атрактивна и мултуфункционална местоположба.