Македонија
20. February 2019 - 9:33

На едно место услуги и информации од повеќе институции

Граѓаните на едно место ќе можат да добијат услуги и информации од повеќе институциите во салата за јавни услуги што ќе биде отворена денеска во Скопје, со што почнува реализацијата на проектот „Една точка за услуги“ на Министерството за информатичко општество и администрација.

На отворањето е најавено присуство на премиерот Зоран Заев и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Локацијата на салата е на ул. „Димитар Влахов“ бр. 4 зграда 1 влез 1 (поранешна Комерцијална банка).

Според најавите, центри во кои ќе може да се добијат повеќе услуги од институциите  ќе бидат отворени во повеќе градови низ државава.  Активноста е дел од плановите за реформа на администрацијата со цел ефикасни, брзи, достапни и поевтини услуги на граѓаните.