На ДУТ меѓународна конференција за јазикот и книжевноста
Во ректоратот на Државниот универзитетот во Тетово денеска беше свечено отворена четвртата меѓународна научна конференција на Филолошкиот факултет на тема „Јазикот и книжевноста – специфичен предизвик за социо-етичкиот и за професионалниот развој”.
Ректорот на ДУТ Вулнет Амети истакна дека посветеноста на книжевноста, книгата и науката ќе продолжи да биде еден од приоритетите на оваа високошколска установа.
Деканот на филолошкиот факултет на ДУТ Фатмир Сулејмани рече дека дводневната меѓународна конференција ќе овозможи размена на научни искуства и трудови од професорите од ДУТ со нивните колеги од универзитетите во регионот.
- Сите научни трудови што ќе бидат застапени на конференцијата ќе бидат објавени во рамки на седмиот број од нашето специјализирано списание Филологија што оваа година е посветено на мајка Тереза, изјави Сулејмани.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно