Свет
21. July 2016 - 8:48

На донаторска конференција собрани повеќе од 2,1 милијарда долари помош за Ирак

На донаторската  конференција за Ирак во Вашингтон се собраа повеќе од 2,1 милијарда долари помош, информира портпаролот на американскиот Стејт Департмент Џон Кирби.

- Ова го надмина очекуваниот износ од две милијарди долари, јавија британските медиуми.

Кирби додаде дека се уште се финализираат деталите за бројните ветувања за донаци за Ирак.

Министрите за одбрана и надворешни работи од 24 земји се состанаа во Вашингтон да соберат помош за Ирак во борбата која оваа земја ја води против Исламска држава.