Македонија
28. October 2021 - 11:57

На „Долно Блаце“ уапсен 60-годишен Албанец баран од францускиот Интерпол

Вчера во 20.15 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода И.К.(60) од Република Албанија, затоа што по извршените проверки било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“, по барање на Интерпол-Франција, соопштија од МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.