Живот
22. May 2017 - 10:46

На дно на река пронајден златник вреден 17.000 долари

Аматерски ловец на богатство пронајде на дното на реката Јауза во Москва 400 години стар златник, со вредност од повеќе од 17.000 долари.

Ова вредно откритие го пронајде нуркач-аматер, кој пливал низ реката Јауза со магнет за пребарувње, објави телевизијата „Москва 360“.

Се наведува дека паричката била закачена за метален клип длабоко во речното корито и се испостави дека во прашање бил златна угорска монета, искована во времето на владеењто на рускиот цар Борис Годунов (1598-1605). Ваквите пари не биле користени како валути, туку ковани се како награда за храброст во војната. Се сметаат за многу ретки, затоа што, досега пронајдени се само шест вакви пари, а можат да вредат и повеќе од 17.000 долари.

Во меѓувреме, среќниот ловец на богатство одлучи да остане анонимен, затоа што според рускиот закон, лицето кое се занимава со археолошки истражувања без дозвола и ако нансесе штета на артефактот во текот на процесот, може да се соочи со голема парична казна и до четири години затвор.