На Деве Баир се чека половина час, на Попова Шапка провејува снег
На граничниот премин Деве Баир за излез од Македонија се чека 30 минути, додека на другите гранични премини нема подолги задржувања, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.
Слаб снег провејува на Попова Шапка кој не се задржува на коловозот. Се уште не е прооден патниот правец Македонски Брод-с.Здуње, каде гравитираат 11 села.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација