Македонија
10. May 2018 - 10:56

На Деве Баир приведен турски државјанин

Вчера во 21.00 часот од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Деве Баир“ во Полициската станица Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ бил приведен и задржан А.Ч. (54) од РепубликаТурција.

А.Ч. бил задржан во Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.