Македонија
5. July 2018 - 17:27

На дете без родители наместо помош од заболекар му биле давани апчиња против болка- домот негира

11 годишно момче од Домот 25мај имало расипани заби и болки, но наместо на стоматолог во установата му давале да пие апчиња. Ваков статус на социјалните мрежи објави револтирана скопјанка, кој предизвика лавина од реакции и критики до надлежните институции. Го сретнала во Бутел каде го поканила во слаткарница да го почести. Но детето не можело да јаде поради лошата состојба на забите.  -Го прашав зошто не каже на воспитувачите, ми одговори дека не ги носеле на доктор туку им давале апчиња, пишува во статусот на фејсбук.  Случајот го пријавила во Министерството за труд и социјална политика.

-Неколкупати во текот на денот побаравме официјална изјава пред камера од надлежните во Домот, какви здравствени услуги добиваат штитениците во 25 мај и дали сите деца одат на редовни систематски прегледи. Добивме одговор дека директорката е нова и ќе ни испратат писмена реакција

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека посочено дете немало проблем со забите а сите штитеници имале уредни вакцинални картони. И покрај тоа, во случајот се активирал и Здравствен дом Скопје.

-Во договор со Министерството, веќе испративме екипа која ќе направи проценка на денталното здравје на сите дечиња во Домот, потврди за Сител директорот на Здравствен дом Скопје.

Со какви се ситуации се соочуваат овие деца и дали некој води грижа за нив.? Татјана Гоговска, која како активист за заштита на правата на децата неколку години соработувала со Домот 25 мај, вели дека таму има  море од проблеми а лекари ретко ги посетувале штитениците.

-Кога јас бев во Домот, не добиваа речиси никаква здравствена заштита, само во ептен итни ситуации. Овој случај укажува дека таму има море од проблеми и мора да се реагира, вели Татјана Гоговска

Промената на кадарот и вработувањата на нови воспитувачки во Домот, според експертите се мерки кои ќе ја подобрат состојбата, но порачаа дека уште многу треба да се работи за овие деца да имаат навремена и социјална и здравствена заштита.