Македонија
31. October 2017 - 16:26

На денешната седница на Владата треба да помине и предлог Законот за употреба на службените јазици на цела територија на РМ

Владата разгледува Закон за реализирање на рамноправноста на службените јазици и писма во Република Македонија.  Предлогот на законското решение е ставен на дневен ред за денешната владина седница, но засега неговата содржина останува непозната. Закон со ист ваков назив пред месец и половина беше поднесен во Собранието од страна на Мендух Тачи. Од владата потврдуваат дека се работи за материјал стигнат од парламентот, но не можеа да ни потврдат дали се работи за истиот закон, па тие сега даваат само мислење по него.

Со законот на Тачи се бара целосна еднаквост на македонскиот и албанскиот јазик и писма и користењето на двата службени јазика да биде рамноправно во сите институции на државно и на локално ниво. Лидерот на ДПА бара еднаква употреба на македонскиот и албанскиот јазик во судството, Армијата, полицијата, медиумите…односно Македонија да има два служени јазици – македонскиот и албанскиот.

Во Собранието пак, не е завршена постапката околу донесувањето на владиниот закон за употреба на јазиците со кој албанскиот јазик се воведува како службен јазик. Неговото донесување го запре талат Џафери поради собраниската пауза за време на локалните избори иако инсистирањето на владејачкото мнозинство беше тој да биде донесен пред изборите.

 Дебатата во парламентот беше жестока и траеше со денови до касно навечер. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивстави на ваквиот закон коментирајќи дека е противуставен и дека со него, во пракса се воведува двојазичност и тоа на целата територија на државата. Имаше и забелешки за тоа дека албанскиот јазик ќе биде задолжителен во сите управни и судски постапки, како и тоа дека двојазични ќе бидат парите, како и униформите на полицијата и оние во здравството.

Законот остана во прва фаза односно треба да се донесе потребата за негово донесување, а потоа ќе биде испратен и на мислење во Венецијанската комисија. Владата го носи овој закон под превезот на европското знаменце и како дел од обврските на Македонија пред Брисел од Палнот 3-6-9.