Балкан
31. March 2018 - 13:04

На царина запреле тричлено семејство - го отвориле багажникот и се изненадиле од глетката

Цариници во соработка со граничната полиција вчера на излезот на српскиот граничен премин Хоргош запленле околу 40 парфеми и 50 кутии сетови со шминки од понати брендови.

Прекршокот е откриен кога на ред за царинска контрола пристигнал „мерцедес“ со германски ргистерски таблички, во кој имало Германци со албанско потекло, двајца сопружници и еден син, кои од Србија оделе кон Германија.

На прашањето дали имаат нешто да пријават патниците одговориле негативно, но цариниците сепак не поверувале.

При претресот на возилото откриена е огромна количина на козметика прекриена со лични работи и куфери на патниците. Бидејќи амбалажата на запленетата козметика изгледа квалитетно, цариниците се сомневаат дека станува збор за автентични парфеми и шминка. Доколку комисиската проценка каже дека станува збор за оригинали, вредноста на прекршокот може да достигне и до неколку илјади евра.