Македонија
23. јуни 2018 - 8:39

На Богородица се чека за влез во Грција

- Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а зголемен број возила има на граничниот премин Богородица за влез во Грција, соопшти АМСМ. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.