Македонија
24. May 2019 - 13:05

На Богородица и Табановце за излез се чека од 15 до 30 минути

На граничните премини Богородица кон Грција и на Табановце кон Србија за излез од државата се чека од 15 до 30 минути, соопштуваат од АМСМ.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.  Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Бележиме зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица и ГП Табановце, каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути, стои во соопштението од АМСМ.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.