Македонија
15. April 2019 - 10:20

На Блаце во комбе пронајдена тинејџерка (18) без документи, изјавила дека е од Косово

Во саботата околу 21.45 часот на Граничниот премин „Блаце“, на паркинг во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(49) од село Глумово, скопско, било пронајдено женско лице без документи за идентификација.

Во разговор со полициски службеници таа изјавила дека се вика Н.С.(18) од Косово.

Лицето било предадено на полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север за понатамошна постапка.