Македонија
18. December 2018 - 10:22

На Блаце уапсен криминалец баран од Интерпол

Вчера на Граничниот премин-Долно Блаце при влез во Македонија бил лишен од слобода Б.У.(32) од Косово, кој се барал со потерница од Интерпол.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.