Македонија
5. September 2016 - 13:38

На Битолскиот Универзитет во вториот уписен рок пријавени 486 студенти бруцоши

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола (УКЛО) го заврши вториот уписен рок за студенти кои ќе студираат во прва година или прв циклус додипломски студии.

Во вториот уписен рок беа огласени 2.527 слободни места за сите универзитетски единици и притоа на 1 и 2 септември се пријавиле 486 кандидати, информираат од Ректоратот на УКЛО-Битола.

- Денеска на огласните табли на сите универзитетски единици ќе бидат објавени прелиминарните листи, а на 12 и 13 септември ќе се врши упис на пријавените студенти. На 14 септември ќе организираме еднодневен уписен рок со што ќе заврши уписот на студенти за новата академска година, информираат од Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.