Балкан
13. November 2015 - 15:44

На Балканот се уште има 12.000 исчезнати лица

Во текот на војните на Балканот исчезнаа околку 40.000 лица, од кои досега се пронајдени над 70 отсто, но судбината на околу 12.000 од нив се уште останува непозната, изјави директорката на Меѓунардоната комисија за исчезнати лица, Кетрин Бомбергер во интервју за магазинот „Дани“. 

Таа нагласува дека Комисијата ќе продолжи да функционара на подрачјето на Балканот „се додека им биде потребна нејзина помош на семејствата на исчезнатите и на релевантните институции“ во регионот. 

- Потребна е уште многу работа за пронаоѓање на исчезнатите од западниот Балкан, нагласи Бомбергер.

Бомбергер во интервјуто нведува дека земјите во регионот и натаму ќе може да сметаат на помош од Комисијата во потрага по исчезнатите, односо се „додека ќе може да се обезбедуваат пари за таа цел“.

Таа додава дека Комисијата ќе им помага на властите во регионот во документирањето на злосторставта. ексхумацијата на масовни или тајни гробници и во стручни совети на вештаци во случаите на воени злосторства пред Хашкиот трибунал и домашните судови.

- Од ова лето со приливот на бегалци што минуваат низ Балканот на патот кон северот на Европа, се создаде нова криза поврзана со исчезнувањето на лица. Точниот број на починати или исчезнати за време на миграцискиот бран не е познат, но се верува дека ќе биде висок, вели Бомбергер.

Како што јави ФЕНА, во декември минатата година Белгија, Велика Британија, Луксембург, Холандија и Шведска потишаа Договор за статусот и функциите на Комисијата, со што таа доби стаус на меѓународна организација со глобален мандат со седиште во Хаг. Комисијата има своја канцеларија во Сараево, од каде се координира потрагата по исчезнатите лица на Балканот.