На аукција боксерските ракавици на Али и пурите на Кастро
Боксерските ракавици на Мухамед Али и кутија со пури во сопственост на боксерот, која ја потпишал лидерот на кубансакта револуција Фидел Кастро ќе се најдат денеска на аукција во Лос Анџелес меѓу повеќе од 500 предмети од областа на спортот.
Дарен Џулијен од аукциската куќа „Џулијенс окшнс“ очекува дека ракавиците на Али од борбата во која во 1970 година во Медисон сквер гарден го порази Оскар Бонавена ќе бидат продадени за повеќе од 60 илјади долари.
- Тоа се навистина важни ракавици, бидејќи очигледно се носени во борба, но и затоа што предметите кои ги носел на мечевите не се појавуваат често на аукции, рече Џулијен.
Други клучни предмети, кои му припаѓале на Али е и кутија со пури, која ја потпишал Кастро, кој почина минатата недела на 90 години.
Али кутијата ја добил на подарок кога со својот долгогодишен пријател Хауард Бингам во 1998 година ја посети Куба во рамки на хуманитарна иницијатива.
- Тоа навистина стана важен предмет поради неодамнешната смрт на Фидел, рече Џулијен.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација