Свет
6. August 2020 - 8:14

На Арктикот исчезнаа две санти мраз стари 5.000 години

Нови сателитски слики од НАСА покажаа дека две големи санти мраз во канадскиот залив на Сент Патрик целосно исчезнале.

Поголемата имала површина од 3 квадратни милји, а помалата 1,1 милја и тие од 1959 година се намалувале поради глобалното затоплување.

Научниците проценуваат дека сантите се формирале пред околу 5.000 години и дека   биле значително поголеми од 16 до 19 век, во периодот познат како „Мало ледено доба“, јави Си-Ен-Ен.

Од 2015 година тие две санти почнаа да се топат брзо, па сигурно беше дека ќе исчезнат во блиска иднина, но Марк Сиризи, од Националниот центар за проучување на снегот и мразот, вели дека тој се уште е изненаден што исчезнале многу побрзо отколку што очекувале.

– Едноставно, премногу е топло на Земјата, изјави Сиризи, додавајќи дека исчезнувањето на двете санти од заливот Сент Патрик претставува сериозно предупредување за тоа што се случува на Арктикот.