Македонија
14. December 2015 - 8:15

На „Ало докторе“ изминатата недела 1.028 повици

Изминатата недела на телефонската линија „Ало докторе“ медицински совет побарале 1.028 граѓани.

Најчесто совет барале за проблеми со респираторните органи, покачена телесна температура, настинки и кашлици предизивикани од ладното време.

Линијата е достапна секој ден 24 часа и на неа 25 доктори се достапни за медицински совет. Целта е да им се овозможи на граѓаните непосредна медицинска консутлација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Од почетокот на отворање на линијата 02/15 123 досега на оваа линија медицински совет побарале 6.6427 лица.