Македонија
7. December 2015 - 9:20

На „Ало докторе“ досега 65.527 повици

На телефонската линија за медицински  совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 30 ноември до 6 декември) се јавиле 1.219  граѓани, соопшти Здравствен дом Скопје.

Од 15 септември минатата година кога почна да работи линијата досега имало 65.527  повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците  се  од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто   за  главоболки, респираторни симптоми, зголемена телесна температура, за сезонски вируси, кашлици предизивикани од променливите  временски  услови.

На сите оние лица кои побарале  медицински совет  на телефонската линија  „Ало докторе“ им е дадена здравствена  помош со  совет и соодветна симптоматска  терапија.