Македонија
13. October 2015 - 8:24

На „Ало докторе“ 1.168 повици за една недела

Медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ (02/15 123) за една недела побарале 1.168 граѓани, соопшти денеска Здравствен дом Скопје. 

Од отворањето на линијата на 16 септември досега се регистрирани 56.481  повици.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет се достапни 25 доктори. Јавувањата  се  од граѓани од сите градови на Македонија, најчесто  за  кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус и симптомна болка.

- На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија  „Ало докторе“ им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија, соопшти Здравствен дом Скопје.