Балкан
31. March 2020 - 11:55

На 57 годишна возраст почина сопственикот на „Предејане“

Сопственикот на мотелот „Предејане“, Драган Павловиќ, починал на 29-ти март на 57 годишна возраст. Како што пренесуваат од „Jugpress“, Павловиќ поради зголемена телесна температура и тешко воспаление на белите дробови бил пренесен во нишкиот Клинички центар.

Според изворите, Павловиќ бил тестиран на коронавирусот, но не е познато дали резултатите стигнале.

Павловиќ повеќе години работел во Русија, а во Србија се вратил и го купил мотелот „Предејане“.

За разлика од другите угостителски објекти во лесковачкиот крај, кои по приватизацијата биле затворени, Павловиќ, покрај големите вложување од неговиот мотел направил место кое што успешно работело и било значаен развоен потенцијал за целиот регион.

Тој зад себе ги оставил својата сопруга и двете возрасни деца.