На 50% зголемен капацитетот на Арената во Букурешт
На синоќешната седница на Владата на Романија, одлучено е место 25 насто, капацитет на Арената во Букурешт за натпреварите од ЕП во тој град, каде што и Македонија ќе одигра два меча, да се зголеми за двојно.
За мечевите со Австрија и Украина, дозволено е 27.000 фанови на трибините. Ова значи дека ќе има можност за повеќе фанови и на нашата репрезентација.
„Владата вчера одобри натпреварите од Европското фудбалско првенство да се играат повеќе публика, односно дозволи 50 отсто од капацитетот на стадионот. Мислам дека ова е голем чекор напред и дека организаторите на турнирот ќе ги искористат овие бројки. Ова е историски настан, кој може да ја одбележи иднината на романскиот спорт. Би сакал и романскиот национален тим да направи историски чекори и да се квалификува за идните големи турнири. Го имаме она што ни е потребно, но можеби треба да смениме уште некои работи“, изјави министерот за спорт и млади на Романија, Едуард Новак.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот