Македонија
30. July 2020 - 12:33

На 4 август стартува Охридско лето под маски и строги протоколи

Во време на корона вирус фестивалот Охридско лето одбележува 60 годишен јубилеј. Со концерт насловен Вокални бисери посветен на оперската примадона Ана Липша Тофовиќ во изведба на Марија Јелиќ, Дарио Ди Виетри, Иван Томашев и Аманда Стојовиќ во пијано придружба на Миливое Велиќ на 4 август ќе биде отворена завесата на овогодинешното издание на најпрестижната манифестација. Од Националната установа најавија дека реализацијата на фестивалските вечери ќе биде строго по утврдените протоколи и мерки дадени од Комисијата за заразни болести и насоките на Министерството за култура.

Програмата  до последниот ден трпела многу промени поради состојбата, со вирусот. Во видео пораката драмскиот селектор Александар Поповски истакна дека Охридско лето во доба на корона звучи како наслов на некој роман.

На отворените сцени Антички театар ,Долни Сарај ,Предворје Света Софија од 4 до 30 август ќе настапат околу 300 уметници од 19 земји со најголем акцент на македонските уметници ,оркестри и театарски куќи.