Македонија
20. May 2019 - 16:34

На 29-ти јуни прва парада на гордоста во Скопје

Во центарот на главниот град за прв пат ЛГБТ заедницата ќе излезе гордо да ги брани своите права и слободи. Парадата ќе се одржи на 29 јуни во организација на националнта мрежа за борба против хомофобија. На овој датум светот одбележува 50 години од првиот бунт на хомосексуалците во њујоршкиот бар Стоунвал. Активистите очекуваат голема поддршка од власта но ја повикаа и опозицијата и сите кои до сега имале предрасуди за различните од нив.

Земјава е последна во регионот која по прв пат организира парада на гордоста иако организациите веќе 15 години се борат за нивните права. Причината поради која беа спречени до сега е институционалната хомофобија како што ја нарекуваа од организацијата. Голем број напади, инциденти, насилства  врз заедницата се уште не се расчистени од минатото. Последен поголем инцидент се случи при напад на ЛГБТ  центарот во старата чаршија кога беше повреден и еден полицаец. Сега организаторите  се уверени дека имаат добра соработка со МВР и очекуваат достоинствена парада во скопје.

Македонија е на 40 место од вкупно 49 држави за кои ИЛГА Европа прави анализа на состојбата со човековите права на ЛГБТ заедницата . До сега реализирани се само 16 проценти од човековите права на заедницата. Новиот закон за заштита од  дискриминација ќе овозможи правна заштита за полова дискриминација.