Живот
24. October 2018 - 13:24

На 24 октомври настапува полна месечина која носи промени за овие хороскопски знаци

Не очекува полна месечина во знакот Бик, а според зборовите на астрологот Лиза Стардаст, четири хороскопски знаци ќе бидат под нејзино најсилно влијание.

Бик

Со оглед на тоа дека Месечината е полна во знакот на Бик, нешто како магија ќе ве придвижи да се предизвикате себеси. Дали ќе се откажете од врската или ќе започнете нешто ново – зависи само од вас. Секако, бидете искрени со себеси, кажете си ја вистината и продолжете со тоа што и да одлучите.

Лав

Можеби ќе се најдете во средина на драми на работа. Овој период ви носи само една важна порака – откажете се од сите нешта кои се спротивни на вашите интереси.

Шкорпија

Доаѓа вашиот роденден, но носи и размислување за вас за многу нешта. Неочекувани промени се случуваат во врските, па се прашувате многу за некои работи. Вистинско време е да ги средите работите со оние кои ви значат и да ги развиете односите со тие луѓе.

Водолија

Доаѓа период кога ќе можете да здивнете. Вашиот дом е таму каде што е вашето срце. Изминатите месеци ве исцрпија, па ќе имате доволно време повторно да се поврзете со себеси. Овој месец ја буди желбата во вас да бидете повторно свои.