На 23 години изгледа како мало бебе: Има ретка болест, но постојано се смее
Ова 23-годишно момче поради мистериозна болест е „заробен“ во тело на бебе, а поради тоа жителите го гледаат како реинкарнација на Бог.
Manpreet Singh од Хисар, северозападна Индија, тежи 5 килограми иако е роден во 1995 година.
Тој се родил здрав, но престанал да се развива откако наполнил 1 година, пред да почне да оди и да говори. Сега го чуваат како бебе неговиот чичко и тетка.
Неговото семејство никогаш не добило објаснување зошто престанал да се развива во толку рана возраст, а локалните доктори претпоставуваат дека се работи за хормонален дисбаланс.
Научниците сметаат дека Manpreet има Ларонов Синдром, ретко генетско заболување, но никој не може со сигурност тоа да го потврди, бидејќи семејството на момчето не може да си го дозволи тоа истражување кое чини околу 5.000 фунти.
Чичкото на ова дете вели дека тој се смее како дете и ретко кога е тажен. Плаче само кога ќе слушне некое животно, на пример куче, а инаку е многу дружељубив. Негоата тетка вели дека научил да „говори“ преку знаци, па кога имаат гости гестикулира и се дружи со нив.
„Го пративме неколку пати кај неговите родители, но не сакаше да остане со нив. Кога е таму не јаде и плаче цело време. Но, кога ќе се врати кај нас, повторно е весело дете. Оваа мала радост ја сакаме толку, што од помислата да не е со нас ми доаѓа да заплачам“, раскажала тетката.
Ново на Сител
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна