Македонија
9. November 2019 - 17:58

На 22 номври почнува вакцинацијата против сезонски грип

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип ќе почне на 22-ри ноември. Од таму информираат дека се набавени 28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници.

Дополнително, набавени се и 21.000 комерцијална вакцина од Центрите за јавно здравство.

Од Министерството велат дека првпат, од оваа година се подобрува достапноста на бесплатните вакцини против сезонски грип, покрај 10-те Центрите за јавно здравје, во вакцинацијата ќе бидат вклучени и три поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствен Дом Скопје.

Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14 до 18 часот.

Заинтересираните лица можат да закажат бесплатна вакцинација од 18 ноември, преку својот матичен лекар.

Како и во изминативе сезони, велат од МЗ, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во февруари.