Живот
6. December 2017 - 14:30

На 21. година почувствував силна болка во стомакот: Прво ми рекоа дека сум бремена, а потоа стигна ужасната вистина, секој ден мислам на тоа

Лаура Ленгдон (21) неколку дена пред својот роденден почувствувала болка во стомакот. Од тогаш секој ден мисли на тоа што го доживела, и што и го промени животот од корен.

Имено, почувствувала силна болка во стомакот и надуеност, мислејќи дека причина за тоа е храната што ја јадела.

-Болката и надуеноста траеја се повеќе и зачестија, а добив и осип, што ме наведе на одам на лекар, вели Лаура.

-Докторот ме прегледа и потврди дека стомакот ми е зголемено надуен и  ме испрати да направам крвна слика. Кога стигнаа резултатити, доживеав вистинско изненадување зошто ми рекоа дека сум бремена, додава Лаура.

Им објаснив дека тоа апсолутно е невозможно, па се сложија дека резултатот е лажно позитивен.

Еден ден се разбудила со болка каква што немам почувствувано досега. Успеала да оди на лекар, но на нејзино големо изненадување уште еден тест покажал дека е бремена. Тогаш и закажале уште два ултразвуци, и уште еден тест на крвта и проверка на урината.

View image on Twitter

Во текот на ултразвукот била нервозна зошто и рекле да се врати потоа кај својот лекар и да земе некој со себе. Тогаш дознала дека има 18 см долг тумор на јајникот. Операцијата и е направена недела дена подоцна, а се утврдило дека во прашање е малиген тумор.
 
Три месеци одела на хемотерапија, а сега има редовни контроли за да биде сигурна дека туморот нема да и се врати.
 
Иако ракот на јајници е најчест кај жени над 50 години и кај оние кај кои престанала менстуацијата, Лаура вели дека и младите жени со симптоми мора да се прегледаат.
 
-Докторите може да бидат експерти за медицина, ама секој е експерт за своето тело. Ако чувстуваш дека нешто не е во ред, никој не може да ти каже поинаку, никој не може да ти каже како се чувствуваш, вели таа.
 
Откако запознав други луже на мои години низ разни организации за рак, дознав дека погрешните дијагнози загрозувачки се чести, зошто „младите луѓе не добиваат рак“. Иста е ситуацијата со ракот на јајници зошто симптомите се неспецифични и не е посебно често заболување. Може да биде ретко, но сепак се случува. И може да им се случи на сите, заклучува Лаира.