Бизарно но вистинито
15. January 2016 - 18:22

На 15 години лицето и е изгорено со киселина, денес е манекенка

Животот бил премногу суров за оваа Индијка. Кога имала 15 години одбила маж кој и нудел брак. Тогаш 32-годишниот маж и фрлил киселина на лицето.
 
"Најпрвин почуствував студ, а тогаш целото лице ми се вжешти. Тоа беше моментот кога моето лице почна да се топи", се сеќава Лахми Са.
 
И требале години за да заздрави, а храбрата девојка денеска е една од најгласните "микрофони" против насилството на жените.
 
Младата Индијка станала и манекенка на индискиот брендови Вива Н Дива,  а со својата самоувереност ги охрабрува и другите жени.
 
"Ова е можност да кажам на дргите жени да бидат храбри без разлика на се. Не е важно како изгледаат, ова е мојата можност да покажам како киселината неможе да ја уништи внатрешната убавина на една жена.", кажала Лахми за ББС.