На 14 март ново рочиште за случајот „Тендери“ на СЈО
На денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тендери“, беше ислушан само еден сведок.
Имено, предметот е во доказна постапка и беше предвидено денеска да бидат ислушани неколкумина сведоци, но тие не се појавија во Судот.
Сведокот, вработен во Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор – Скопје, во 2011 година бил на позицијата надзорен инженер.
Надгледувал станбени објекти, а по потреба бил и во тек со изградбата на новиот театар и Музејот на ВМРО.
При сведочењето наведе дека не може да се сети речиси на ништо од тоа време, посочувајќи дека сите надзори се вршеле по налог, како и дека забелешките биле предавани кај надлежниот инженер.
Според обвиниението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Пред да се објави оглас за доделување договор за јавна набавка и пред да се спроведе постапката, спротивно на Законот за јавните набавки, Канческа-Милевска преку разговори со генералниот директор на градежното претпријатие „Бетон“ од Штип наложила да се продолжи со работа на Музејот, каде што се изведувале градежни работи по претходно склучен договор за јавна набавка.
Судењето за случајот „Тендери“ продолжува на 14 март.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите